Опис
Серум кој се грижи за проширените пори и го регулира прекумерното лачење на себум, истовремено го намалува несаканиот сјај и создавањето на црнки.
Нежен, но моќен серум што содржи 20% ниацинамид и 1% цинк PCA.
Ниацинамидот делува на изгледот на порите, флеките и брчките. Цинк PCA го намалува себумот и иритациите на кожата, а заедно во комбинација поефиксно ги третираат акните. Кожата добива подобра текстура и пори кои се видливо помали.
Екстрактот од кората од Salix Alba е природна и понежна верзија на бета хидроксилната киселина која ги отстранува нечистотиите и нежно ги ексфолира мртвите клетки од кожата и ја остава мазна и чиста.