Потенцијални ризици при користење на седишта за автомобил со преден штитник!

Bebe Home СОВЕТУВА:

Потенцијални ризици при користење на седишта за автомобил со преден штитник!

Maxi-Cosi – глобален бренд и лидер во индустријата за седишта за автомобил посветено ја следи работата и препораките на GRSP (Глобално партнерство за заштита на патиштата) група составена од 70 експерти кои работат исклучиво на подобрување на пасивните мерки за безбедност во возилата.
GRSP неодамна објави студија за седиштата за автомобил со преден штитник. Во оваа студија се наведени потенцијаните ризици на овие седишта со преден штитник, базирано на тестови за безбедност на седишта за автомобил „crash tests“ спроведени од Транспорт Канада, UTAC CERAM (Франција), BASt (Германија), CSI (Италија) and Tass International (Холандија). Во студијата е нотирано дека седиштата за автомобил со преден штитник индицираат ризик за детето, делумно или целосно негово исфрлување од седиштето за автомобил во случај на фронтален судар (најчестата сообраќајка) со можен удар на главата од кровот на возилото или со соседното седиште за автомобил во возилото. Исто така во студијата е нотирано дека притисокот кој предниот штитник од седиштето го предизвикува на абдоменот (стомакот) на детето е за два до три пати појако од дозволеното. Исто така GRSP нотира врз основа на тестови за безбедност на седишта за автомобил „crash tests“ дека во случај на превртување на возилото исто така детето кое седи во седиште со преден штитник постои ризик да биде исфрлено.
Врз основа на ова истражување Maxi-Cosi има обврска да ги извести нивните клиенти за истото, како и тоа дека ќе нуди исклучиво седишта за автомобил опремени со заштитни каиши со 5 точки за безбедност кои се во моментов најбезбедниот начин за врзување на децата во седиштата за автомобил, за деца до отприлика 4 години и постојано се стреми во подобрување на безбедноста на децата.
Оригиналниот текст може да го проследите на следниот линк: https://www.maxi-cosi.com/international/car-seat-shield-system

X