Опис
Серум кој во својот состав содржи 10% Нијацинамид (Витамин Б3), Zinc PCA и Sarcosine, кој и помага на комбинираната кожа која се соочува со следниве проблеми: проширени пори, маснотии и акни. B-Bomb има ниска ПХ вредност од околу 5.5-6.5.
Нијацинамидот е мултифункционална суперстар состојка која ги нормализира порите, смирува кожата склона на акни, зајакнува кожната бариера па дури и ја избледува хиперпигментацијата. Оваа формула содржи голема количина на нијацинамид и тоа 10%, која е идеална за намалување на појавата на акни и останати неправилности на кожата. Во составот додадени се и Zinc PCA и Sarcosine, две состојки познати по тоа дека ги стеснуваат проширените пори, намалуваат лачење на маснотии и појава на акни.
Бонус – B-Bomb е cruelty free (никогаш не е тестиран на животни), вегански производ, без присуство на парфеми/мириси/ароми и есенцијални масла, без присуство на глутен, безбеден за користење во текот на бременоста и безбеден за користење на лица со маласезиа (квасници).
За кого е наменет B-Bomb?
За секој кој сака да воведе Нијацинамид во својата рутинска нега. Особено се препорачува за комбинирана и масна кожа.
Состојки и Научни истражувања:
Клучни состојки:
Niacinamide (10%) – Мултифункционална суперстар состојка која ги нормализира порите, ја смирува кожата склона на акни, ја зајакнува кожната бариера и избледува хиперпигментацијата.
Zinc PCA – Комбинација од Цинк кој е познат по своите антибактериски својства и нормализирање на себумот и PCA молекул хумектант кој се наоѓа во кожата. Zinc PCA е состојка која не предизвикува сушење на кожата и и помага на кожата склона на акни и масната кожа.
Sarcosine: Дериват на амино киселина која помага во нормализирањето на производството на маснотии и големината на порите.
Научни истражувања:
Walocko, Frances M., et al. “The role of nicotinamide in acne treatment.” Dermatologic Therapy (2017)
Journal of Cosmetic Dermatology, Volume 13 (4) – Dec 1, 2014, A review of nicotinamide: treatment of skin diseases and potential side effects
Skin Pharmacol Physiol 2014;27:311-315, Niacinamide – Mechanisms of Action and Its Topical Use in Dermatology
Shalita, Alan R., et al. “Topical nicotinamide compared with clindamycin gel in the treatment of inelammatory acne vulgaris.” International journal of dermatology 34.6 (1995): 434-437.
Navarrete-Solís, Josefina, et al. “A double-blind, randomized clinical trial of niacinamide 4% versus hydroquinone 4% in the treatment of melasma.” Dermatology research and practice 2011 (2011).
Tanno, O., et al. “Nicotinamide increases biosynthesis of ceramides as well as other stratum corneum lipids to improve the epidermal permeability barrier.” British Journal of Dermatology 143.3 (2000): 524-531.