Опис
Серум со водеста и лесна формула со дериват на азелаична киселина (Potassium Azeloyl Diglycinate, или PAD 20%) за изедначување на тенот на кожата, нормализирање на производството на маснотии и смирување на кожата. aPAD има ниска ПХ вредност околу 5.5 – 6.5.
Азелаичната киселина е 3 во 1 клинички докажана активна состојка која помага во намалување на акните, пигментацијата и црвенилото.
Бонус – aPAD е cruelty free (никогаш не е тестиран на животни), вегански производ, без присуство на парфеми/мириси/ароми и есенцијални масла, без присуство на глутен, безбеден за користење во текот на бременоста и безбеден за користење на лица со маласезиа (квасници).
За кого е наменет aPAD?
aPAD е идеален производ за секој кој сака да вметне во својата рутинска нега Азелаична киселина, кој има лесна текстура и се совпаѓа со останатите производи. Наменет е за секој тип на кожа вклучувајќи ја и сензитивната, а особено се препорачува ако имате пигментација, екстра маснотии или црвенило (розацеа).
Состојки и Научни истражувања:
Клучни состојки:
Potassium Azeloyl Diglycinate – Нова генерација на азелаична киселина која е дизајнирана да биде растворлива во вода што овозможува да има лесна формула. Има сличен ефект како 3 во 1 азелаичната киселина која помага во намалување на акни, пигменатација и црвенило. Две клучни цели на PAD се да го изедначи тенот на кожата и да го контролира производството на вишок маснотии. aPAD содржи 20% Azeclair, трговското име на PAD. Ова значи 6% чист Potassium Azeloyl Diglycinate.
Allantoin – Класична состојка за нега на кожа позната по своите својства за смирување и заштитување на кожата.
Glycerin & Methyl-Gluceth 20: Нежна комбинација на хумектанти кои помагаат кожата да ја задржи водата.
Научни истражувања:
Berardesca, Enzo, et al. “Clinical and instrumental assessment of the effects of a new product based on hydroxypropyl chitosan and potassium azeloyl diglycinate in the management of rosacea.” Journal of cosmetic dermatology 11.1 (2012): 37-41.
Viyoch, Jarupa, et al. “Effects of trans-4-(aminomethyl) cyclohexanecarboxylic acid/potassium azeloyl diglycinate/niacinamide topical emulsion in Thai adults with melasma: a single-center, randomized, double-blind, controlled study.” Current Therapeutic Research 71.6 (2010): 345-359.
Veraldi, Stefano, et al. “Treatment of symptoms of erythemato-telangiectatic rosacea with topical potassium azeloyl diglycinate and hydroxypropyl chitosan: Results of a sponsor-free, multicenter, open study.” Journal of Dermatological Treatment 26.2 (2015): 191-192.