Опис
Свиленкаста, лесна емулзија која содржи средна јачина ретинал кој дејствува против знаците на стареење, а сепак е нежен за кожата. A-Game 5 има ниска ПХ вредност околу 6 – 6.5.
Ретиналот е „поголемиот брат„ молекул на најпознатата антиејџ состојка ретинол. Додека ретинолот бара два метаболитички чекори да ја достигне активната форма, ретиноичната киселина (третиноин), ретиналот е директен претходник со само еден чекор конверзија од активната форма која ја разбираат клетките на кожата. Проценето е дека ретиналот може да се претвори во ретиноична киселина повеќе од 10 пати поефикасно од ретинолот, што го прави исклучително ефикасен член на семејството ретиноиди (фамилја Витамин А).
Кога ретиналот се трансформира, тој им помага на клетките на кожата да произведуваат повеќе колаген и други стуктурни елементи, правејќи ја кожата помладолика, цврста и еластична. Исто така го забрзува процесот на регенерација на горните слоеви на кожа, правејќи ја кожата помека и поизедначена. A-Game е извонреден производ против стареење, ама е исто така корисен за избелување на пигментацијата како и помош за кожата склона на акни. Кога станува збор за јачината,може да го споредиме A-game серумот со 0,05% ретинал со 0.5% ретинол, но со помалку потенцијални надразнувања и иритации и можеби побрзи резултати.
Бонус – A-Game 5 е cruelty free (никогаш не е тестиран на животни), вегански производ, без присуство на парфеми/мириси/ароми и есенцијални масла и без присуство на глутен.
За кого е наменет A-Game 5?
За секој кој сака да вметне Ретинал во својата рутинска нега, но текстурата на овој производ е повеќе комфорна за користење на комбинирана и масна кожа.
Состојки и Научни истражувања:
клучни состојки:
Retinal (0.05%) – Суперстар состојка против стареење која е директен претходник на ретиноичната киселина (активната форма која клетките на кожата ја разбираат) и демонстрира извонредна активност/толеранција меѓу топичните ретиноиди.
Allantoin & Panthenol – Класично дуо состојки добро познато за смирување и заштитување на кожата.
Biosaccharide Gum-1: Карбохидратен молекул кој има способност за смирување, хидрирање и навлажнување на кожата и го прави A-Game уште понежен и свиленкаст.
Научни истражувања:
Creidi, P., and Ph Humbert. “Clinical use of topical retinaldehyde on photoaged skin.” Dermatology 199.Suppl. 1 (1999): 49-52.
Siegenthaler, G., J. H. Saurat, and M. Ponec. “Retinol and retinal metabolism.” Biochemical Journal 268.2 (1990): 371-378.
Fluhr, J. W., et al. “Tolerance profile of retinol, retinaldehyde and retinoic acid under maximized and long-term clinical conditions.” Dermatology 199.Suppl. 1 (1999): 57-60.
Creidi, Pierre, et al. “Profilometric evaluation of photodamage after topical retinaldehyde and retinoic acid treatment.” Journal of the American Academy of Dermatology 39.6 (1998): 960-965.
Mukherjee, Siddharth, et al. “Retinoids in the treatment of skin aging: an overview of clinical efficacy and safety.” Clinical interventions in aging 1.4 (2006): 327.
Dréno, B., et al. “Topical retinaldehyde with glycolic acid: study of tolerance and acceptability in association with anti-acne treatments in 1,709 patients.” Dermatology 210.Suppl. 1 (2005): 22-29.
Pechere, M., et al. “The antibacterial activity of topical retinoids: the case of retinaldehyde.” Dermatology 205.2 (2002): 153-158.