Опис
Свиленкаст тонер за лице со 5% Пантенол + Природно Хидратантни Фактори (NMF) + Алантоин кој ја навлажнува, хидрира и смирува секој тип на кожа. Liquid Hydration има ниска ПХ вредност околу 4.5 – 5.
- Пантенол (5%). Провитамин B5, познат по своите хидратантни и хранливи својства кој истовремено ја зајакнува кожната бариера, има моќно својство на смирување на кожата како и својство да залекува рани. Концентрацијата од 5% чии предности се поткрепени со истражувања е многу ретко присутна во тонерите.
- NMF или природни хидратантни фактори. Компоненти кои се природно присутни во кожата, а нивната задача е навлажнување на епидермисот (горниот слој на кожата). Аминокиселините (во овој случај протеини од ориз), уреата, млечната киселина, PCA, натриум PCA и диглицерин спаѓаат во
- Алантоин. Позната состојка која во синергија со пантенолот ја негува и заштитува кожата.
Бонус – Liquid Hydration е cruelty free (никогаш не е тестиран на животни), вегански производ, без присуство на парфеми/мириси/ароми и есенцијални масла, без присуство на глутен, безбеден за користење во текот на бременоста и безбеден за користење на лица со маласезиа (содржи амино киселини, но не и липиди).
За кого е наменет Liquid Hydration?
За секој кој сака хидратантен и навлажнувачки тонер. Liquid Hydration особено ќе им се допадне на сите оние кои сакаат повеќеслојно лесно хидрирање и навлажнување и имаат кожа која е склона на дехидрација, сензитивна кожа или пак ако користите јаки активни состојки (на пр. анти-акни препарати како што е бензоил пероксид или антиејџ препарати како што е третиноинот) кои ја сушат кожата и може да ја оштетат кожната бариера.
Научни истражувања:
Proksch, Ehrhardt, et al. “Topical use of dexpanthenol: a 70th anniversary article.” Journal of Dermatological Treatment 28.8 (2017): 766-773.
Journal of cosmetic science., 2011 Jul-Aug;62(4):361-70., Skin moisturizing effects of panthenol-based formulations.
Clinics in Dermatology, Volume 27 (5) – Sep 1, 2009, Common cosmeceuticals Fowler, Joseph. “Understanding the role of natural moisturizing factor in skin hydration.” Pract Dermatol 9 (2012): 36-40.